Златан го потврди заминувањето од Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ го потврди заминувањето  од Манчестер Јунајтед откако едногодишниот договор со клубот и официјално му истече.

Напаѓачот кој постигна 28 погодоци во сите натпреварувања во дресот на „Црвените ѓаволи“ објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм под која напиша: „Дојдов. Реков. Освоив.“

Има разни шпекулации за иднината на Швеѓанецот, од тоа дека тој ќе оди во ЛА Галакси и Атлетико до тоа дека ќе остане да се опоравува во Манчестер Јунајтед и доколку навреме ја санира повредата ќе потпише нов шестмесечен договор со клубот.