Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Лионел Меси е на прагот да стигне до историската петта „златна копачка“, а тешко дека некој може да го спречи на тој пат.
Меси со голот против Реал стигна до својот 33. гол, додека Салах има 31, но Аргентинецот има три меча до крајот на Ла Лига, а на Египќанецот му останува само еден, па јасно е дека фудбалерот на Барселона е многу блиску до нова награда.
Не треба да се заборави ниту Чиро Имобиле, но тој е повреден, а тука се и Роберт Левандовски и Хари Кејн, но тие се премногу далеку од Меси.
Трката за „златната копачка“ изгледа вака:
1. Меси – 66 бода (33 гола)
2. Салах – 62 бода (31 гол)
3. Имобиле – 58 бода (29 гола)
4. Левандовски – 58 бода (29 гола)
5. Икарди – 56 бода (28 гола)
6. Кејн – 54 бода (27 гола)














