Знаете ли која е земаната на Буфон: Има 19 години и игра во Серија Б, а вреди 5 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алекс Мерета го сметаат за еден од најталентираните во светот.

Милан погоди чек-пот со Џанлуиџи Донарума, а време е и Јувентус полека да размислува за тоа што ќе прави откако Буфон ќе замине во пензија.

Полека во Торино успеваат како Милан да добијат на долг план. И затоа го избраа Алекс Мерета од Удинезе.

Медиумите во Италија пишуваат дека е договорено се, бидејќи Удинезе не може да ја одбие понудата од 5 милиони за овој голман.

Секако, сеуште е рано за Мерета во Торино. Буфон сеуште игра. Најверојатна опција затоа е да остане на позајмица во Серија Б до крајот на сезоната, а потоа во наредната повторно да оди на позајмица, но во некој клуб од Серија А.

Да потсетиме, Јуве е заинтересиран и за Донарума. Но тешко дека ќе дојдат до неговиот потпис.

https://youtu.be/LeeA8UEOEU0