Знаете ли кој е заинтересиран за Коман?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Коман е моментално фудбалер на Баерн Минхен, но има сомнеж дека така ќе остане и наредната сезона.

    Фудбалерот на Јувентус кој е на позајмица во Баерн и оваа сезона, барем засега, не знае каде ќе игра наредната сезона.

    Баерн има можност да го откупи, но се поставува големо прашање дали ќе се случи такво нешто бидејќи Анчелоти нема голема доверба во него.

    Крилниот играч кој досега има освоено Лига 1, Лига куп на Франција, Серија А, Куп на Италија, Бундеслига и куп на Германија, со само 20 години, најверојатно ќе се врати во Јувентус, а потоа би можел да се пресели на друго место.

    Еден од таквите клубови е Манчестер Сити.

    Медумите пишуваат дека овој играч би можел да се пресели во Сити за сума од 30 милиони евра.