Знаете ли кој е најдобар асистент во Премиер лига?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од голема важност е во својот тим, но ретко кој би помислил дека се наоѓа на врвот на листата на најдобри играчи во првенството.

Хал Сити го победи Свонси со 2:1 на свој терен и така направи хаос во борбата за опстанок.

Двата голови на Нијасе беа доволни за победа на Хал додека почесниот гол за гостите го постигна Моусон.

Во првата минута од судиското продолжение Сигурдсон во свој стил, маестрално изведе слободен удар од десната страна, а го погоди Моусон кој постигна гол.

Сепак, тоа беше доцна за Свонси, но Сигурдсон може да се пофали со фактот дека со овој слободен удар стана најдобар асистент во овој момент.

Тој со 11 асистенции е пред Ериксен кој има 10 додека трето место се Санчез и Де Брујн со по 9 асистенции.

Сигурдсон веќе неколку сезони е важен играч за Свонси, а нема сомнеж дека ќе има голем интерес за него во наредното лето.