„Знам дека сакаат да го задржат, но секој играч сонува да игра за Барселона“

 

 

Поранешниот играч на Ливерпул, Крег Белами, верува дека Филип Кутињо треба да биде продаден на Барселона оваа лето, бидејќи од една страна понудата е многу добра за да се одбие, а од друга верува дека играчот ќе биде среќен доколку потпише за Барселона.

„Секој играч сонува да игра за Барселона, сметам дека Ливерпул треба да го пушти Кутињо да си замине“ – изјави играчот

Бразилскиот плејмејкер е тема на разговор во англиските медиуми, бидејќи Ливерпул за него одби веќе две неверојатни понуди од по 100 милиони, на Барселона.