Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед пол палка на Жозе Мурињо беа во потполна летаргија, ретки беа клубовите кои беа совладани, но сето тоа се промени со пристигнувањето на Оле Гунар Сослкјер, кој не знае за кикс.
Норвешкиот стратег екипата ја предводеше на шест натпревари и сите шест ги реши во своја корист, по што го задржи стопроцентниот учинок. Последен во низата беше совладан Тотенхем, претендент за титулата, по што „Црвените ѓаволи“ се вклучија во битката за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите.
Челси сега им бега само шест бодови, па и пласман во елитното натпреварување следната сезона е сосема можна мисија. Сепак, и покрај неверојатните резултати, не гледаат сите благонаклонето на појавата на Оле Гунар Солскјер. Еден од нив е и прославениот фудбалер на Јунајтед, Пол Инс.
Па така, некогашниот репрезентативец на Англија во работата на Норвежанецот не гледа ништо посебно.
„Мислам дека е неопходно малку да ја спуштиме топката кога е во прашање Солскјер. Да бидеме реални, не може да биде полош од Мурињо. Сите во клубот, почнувајќи од навивачите, играчите, управата беа во некоја депресија, што се одрази на формата на екипата. Солскјер е омилен лик во Јунајтед и делува смирувачки на сите луѓе околу себе. Искрено, можев и јас да седнам на клупата и да направам ист резултат. Не беше тешко да се внесе малку позитивна енергија и да им се даде слобода на играчите“, истакна Инс.