Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, вчера кажа дека е среќен што Месут Озил се простил од репрезентацијата на Германија, зашто верува дека тој бил најслаба точка во екипата.
Озил се прости од репрезентацијата преку социјалните мрежи со официјално соопштение, откако се најде на удар на критичарите по сликата со турскиот претседател Реџеп-Таип Ердоган.
Хенес кажа дека Озил не игра добро и токму тој бил најслаб дел во германската репрезентација. Сепак, Озил не остана должен на неговите зборови, а ново соопштение испрати неговиот агент Еркут Согут.
„Како што Озил кажа во своето соопштение секогаш ќе ги прифати критиките за лошите настапи, зашто е тоа негова работа. Сепак, господин Хенес нема никаков доказ да ја потврди идиотската изјава. Тажно е тоа што претседател на клуб како Баерн кажа такво нешто. Ако мислите дека Озил е лош фудбалер, зошто своето мислење не му го кажал на Јоаким Лев, Арсен Венгер или Жозе Мурињо? Хенес очигледно не знае ништо за темата и нема потреба да зборувам нешто бидејќи доволно зборува кражбата од 28 милиони евра на Хенес од државата. Беше во затвор, зашто не пријави данок и овие зборови на криминалецот нема да го повредат Озил“, пишува во соопштението на агентот на Озил.