Ибрахимовиќ кажа „НЕ“, но ќе следи кам бек на уште еден некогашен фудбалер на „Росонерите“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач, Александро Пато веќе две сезони настапува во кинескиот Тианјин Куанјиан, но се појави шпекулации дека би можел да се врати во Европа.

Неодамна се појавија шпекулации дека Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Милан по сезоната во МЛС, но шведскиот напаѓач тоа го демантираше и порача дека останува во Америка. Росонерите очигледно сакаат во јануари да донесат засилување во нападот и се насочија сега кон уште еден некогашен играч.

Се работи за Пато кој веќе две години игра во Кина, а со Милан се поврзуваше уште минатата зима. Бразилецот со кинескиот клуб има договор до крајот на 2019. година и како што се наведува Милан е подготвен да го купи, но под еден услов.

Росонерите остварија контакт со Пато кој нема ништо против да се врати во овој тим, но за тоа да се оствари ќе мора да прифати да соработува за намалена плата. Имено, моментално овој 29-годишен напаѓач во Кина годишно инкасира околу 9 милиони евра.

Пато во Милан мина шест сезони и успеа да постигне 63 погодоци во дресот на овој клуб со кој го освои и Скудетото. Во Кина одигра 59 меча и постигна 36 погодоци.