Ибрахимовиќ: Ми недостигаат Јунајтед и Мурињо


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ призна дека му недостасуваат Манчестер Јунајтед и неговиот поранешен менаџер, Жозе Мурињо.

Швеѓанецот се обрати со емотивно видео кое беше објавено на Твитер профилот на Манчестер Јунајтед.

„Сакам да ви кажам на сите фанови дека ми недостасувате, ми недостасува играњето на „Олд Трафорд“ и гледањето на сите тие црвени дресови. Имам одлични спомени од таму.

Сакам да се заблагодарам на сите за притискањата, адреналинот и енергијата која ми ја дававте. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи затоа што тие беа фантастични и многу ми олеснија.

Исто така ми недостасува и тренерот Мурињо. Знаете што треба да направите за да победите. Нема никаква тајна зад тоа“- гласеше коментарот на Ибрахимовиќ во емотивното видео испратено до Манчестер Јунајтед.