Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ, легендарниот шведски фудбалер, зборуваше неодамна во јавноста во однос со српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Во таа прилика, Ибра откри и зошто го обожува Новак со кој своевремено играше тенис во Париз.
„Затоа што е фантастична личност, Токму онаков каков што е на ТВ, таков е приватно. Некои спортисти се едно пред камерите, а поинакви се во приватниот живот. Ѓоковиќ е ист и затоа го сакам. Интересен е, добар дечко, позитивен и лесно е да се дружиш со него“, истакна Златан и додаде:
„Постојано сме во контакт, добри пријатели сме. Многу сум среќен поради него, бидејќи по повредата се врати на местото на кое припаѓа. Местото бр. 1.“