Ибрахимовиќ не знае да запре – нов погодок за Галакси (ВИДЕО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ и вечерва беше стрелец за Лос Анџелес галакси.

Погодокот на Ибра овојпат беше постигнат од белата точка и беше доволен за само еден бод на гостувањето кај Канзас.

Голот од пенал во 25. минута беше петти на Ибра во последните четири натпревари, а со овој бод Галакси е седми на Западот со 45 бодови и има еден бод помалку од местото кое води во плејоф-серијата.

Њујорк Ред Бул го победи Сан Хозе со 3-1 и така директно се пласираше во полуфиналето на Истокот.