Ибрахимовиќ откри кој играч имал најголемо влијание врз неговата кариера


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ откри кој фудбалер имал најголемо влијание во неговата кариера.

Играчот кој е посакуван од таборот на Милан го посочи Патрик Виера како играч кој најмногу му помогнал во неговиот рапиден напредок. Тие двајца заедно играа во Јувентус во 2005/06 година пред и двајцата да се преселат во Интер по скандалот со Калчополи.

„Кога го запознав во Јувентус, имаше многу поинаков менталитет од другите играчи што ги знаев. Тој секогаш ми беше на грбот, мислев дека ги правам работите како што треба, но ни тоа не беше доволно. Не треба да ви кажувам каков играч и професионалец беше.

Беше феноменален играч кој ќе остане во историјата, а јас сум среќен што го познавам како играч и личност. Тој длабоко влијаеше врз мојата игра, притискајќи ме да давам 120 проценти секој ден, секој натпревар. Не сум изненаден што сега е тренер, тој веќе го имаше тоа во него“- истакна Ибрахимовиќ за „Л’Екип“.