Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ го пофали својот поранешен соиграч, Виктор Линделоф.
24 годишниот фудбалер и тоа како ја подигна формата со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед и во моментов го игра најдобриот фудбал по неговиот трансфер од Бенфика во 2017 година.
„Мислам дека имаше тежок почеток,но тој е типичен Швеѓанец. Кога ќе дојдеш во нова средина, ти си добар со сите. Играл или не се уште ја чувствуваш пријателската ситуација.
Му објаснив и му кажав: „Слушај, сите играчи се натпреварувачи и ти си овде за да преживееш. Не си тука за да си пријател со сите, па мора да се трудиш. Доколку не знаеш да се докажеш, клубот нема да има проблем да те продаде“ –коментираше Ибрахимовиќ.