Ибрахимовиќ предизвика ТЕКТОНСКИ ПОТРЕС во јавноста: Им пречеше моето презиме и моето потекло…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ со една интересна изјава подигна „голема прашина“ во Шведска.

Златан тврди дека во Шведска често бил жртва на расизам.

Поради своето презиме и потеклото во текот на целата кариера имал поинаков третман и морал да вложи големи напори за да успее.

„Можностите кои ги имаат Свенсон или Андерсон не може да ги има Ибрахимовиќ или било кој друг со поинакво потекло. Никогаш не сум имал таква можност, туку морав сам да ги земам“, изјави во интервју за „Виасат Спортс“ Ибрахимовиќ.

Иако со голем успех играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед… Ибрахимовиќ никогаш не бил третиран на начин на кој биле етничките Швеѓани. Смета дека медиумите и тоа како се виновни за тоа.

„Во медиумите е тивок расизам. Тие не можат да прифатат дека сум јас Ибрахимовиќ. Јас се сакам себеси, што сум Ибрахимовиќ, што сум Швеѓанец. Јас сум нов Швеѓанец, јас сум нова Шведска“, вели Златан.

Оваа изјава предизвика голема бура во јавноста.