Ибрахимовиќ со емотивно обраќање: Ме бараат, а каде беа кога бев повреден?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ ја заврши дебитантската сезона во МЛС лигата, каде играше фантастично за екипата на Лос Анџелес Галакси.

На 27 натпревари во најсилната американска лига, Ибрахимовиќ постигна 22 погодоци покрај седум асистенции и повторно, со своите 37 години, стана интересен кај европските екипи.

Легендарниот Златан во последната изјава призна дека го повикуваат некои клубови од Европа, но истите го заборавиле додека бил повреден.

„Постои интерес, тука нема тајни. Некои екипи од Европа ме бараат, но не беше така додека бев повреден. Меѓутоа, мојот приоритет е Галакси, среќен сум овде“, истакна Ибрахимовиќ и продолжи:

„Бев повреден, сега се вратив и жив сум, а тоа не е изненадување. Фокусиран сум на овој клуб и му го давам сето мое внимание. Јас му припаѓам на клубот“.

Ибрахимовиќ во последно време сериозно се доведува во врска со враќање во Милан, но останува да се види дали има вистина во сите тие шпекулации.