Ибрахимовиќ со совет до Кејн: Замини што поскоро од Тотенхем


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ го советуваше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн да го промени клубот што поскоро.

Швеѓанецот смета дека Кејн е зрел за многу поголем тим од Тотенхем каде ќе може да остави трага во светскиот фудбал.

„Кога бев во Англија видов како игра Кејн. Мислам дека е одличен напаѓач. Хари и понатака се развива на професионален план и бележи успеси. Но секогаш велам дека играњето во голем клуб и играњето во добра форма во просечен клуб  не е исто, со должна почит до Тотенхем.

Мислам дека Кејн е способен да игра на врвно ниво. Тој мора да одлучи за заминување од Тотенхем. Луѓето ги помнат оние кои победуваат. Ако Хари сака да победува, мора да го напушти Тотенхем и да оди во врвен клуб“- истакна Ибрахимовиќ.