Ибрахимовиќ со урнебесна изјава ги освои навивачите (ВИДЕО)


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Фудбалерите на Лос Анџелес Галакси вчера победија во гости против Филаделфија Јунион со 3-1, а нов гол постигна Златан Ибрахимовиќ.

Ибра го постигна својот петти гол во МЛС-лигата, а овојпат неговиот тим успеа да слави против Филаделфија. Швеѓанецот е во центар на внимание по натпреварот, зашто во свој стил даде неверојатна изјава која ја насмеа американската јавност.

„Имате среќа што не дојдов пред десет години, зашто сега би бил претседател на Америка. Систем на натпреварување? Не го разбирам јас така, постојано зборуваат за Запад и Исток, но навистина не ги разбирам и играм што е можно подобро“, кажа Ибрахимовиќ.