Ибрахимовиќ стрела и во четврток за победа на Јунајтед, петарда на Зенит!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Вечерва се одиграни уште 10 натпревари од 2 коло од групната фаза на ЛЕ.

    Рома славеше против Астра.

    Рома дојде во водство преку Стротман во 15 минута, на 2:0 зголеми Фацио во судиското продолжение од второто полувреме. На 3:0 Рома зголеми со автогоголот на Фабрицио, а на 4:0 зголеми Салах.

    И Зенит истотака славеше висока победа.  Жртва беше холандскиот Алкмар.

    Кокорин ги доведе Русите во водство во 26 минута, на 2:0 зголеми Гулијано во 48 минута, на 3:0 зголеми повторно Кокорин, за убедливи 4:0 од пенал стрелаше Кришито.

    На 5:0 зголеми, Шатов во 80 минута од мечот.

    Атлетико Билбао славеше со 1:0 против Рапид од Виена со голот во 59 минута, стрелец беше Бенат.

    Фенербахче со Голот на Еменике во 18 минута славеше победа со 1:0 против Фејенорд, а во истата група Манчестер Јунајтед многу потешко од очекувањето славеше против Зориа со 1:0.

    Стрелец на единствениот гол беше Златан Ибрахимовиќ во 69 минута.

    Генк славеше со 3:1 против италијанскиот Сасуоло.

    Карилес и Баилеј стрелаа во првото полувреме за водство на домаќините од 2:0, Сусиќ зголеми на 3:1, а почесниот гол за гостите го постигна Политано.

    Дундалк со 1:0 го совлада Маками од Тел Авив.

    Без голови заврши само мечот во Виена меѓу Австрија и Плзен.

    Андерлехт испушти победа против Сент Етјен.

    Таиламанс ги доведе домаќините во водство од пенал, а на 1:1 израмни Ру во 94 минута од мечот.

    Сотериу со гол во 10 минута донесе победа на АПОЕЛ против Олимпијакос.