Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ синоќа донесе нов триумф за Лос Анџелес галакси против Чикаго фајр, откако успеа да погоди за освојување на три бода.
Новиот тренер на Галакси, Гилјермо Барос Шелото имаше многу проблеми со повреди во одбраната, но затоа во нападот го имаше неверојатниот Ибрахимовиќ.
Во првиот дел мрежите мируваа, а први до водство стигнаа гостите преку Сапонг во 49. минута од средбата.
Во 60. минута Алварез влезе во игра и за младиот фудбалер тоа беше деби, а осум минути подоцна му асистираше на Стерез за 1-1.
Решавачкиот погодок за триумф на Галакси го постигна Ибрахимовиќ десет минути подоцна и така неговиот тим го запиша првиот триумф во новата сезона.