Ибра во свој стил го прокоментира голот на сезоната (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ има постигнувано прекрасни голови во историјата на фудбалот.

Меѓутоа, оваа година ниту еден негов гол не беше во потесниот избор за наградата „Пушкаш“, иако барем два или три можеа да се најдат во тој избор.

Од таа причина, Ибра не беше задоволен со изборот на најубав гол, но сепак одговори на прашањето што мисли за победничкиот гол на Мохамед Салах.

„Дали тоа беше најдобриот гол? Дефинитивно не, најдобар беше на Роналдо. Не ги погледнав останатите кандидати за наградата. Немаше мој гол, па не ме интересираше. Мојот погодок против Лос Анџелес требаше да биде во потесниот избор, ќе видиме наредната година дали ќе бидам во конкуренција“, кажа Ибра.