Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, даде уште една изјава во свој стил и кажа дека е најдобриот шведски фудбалер на сите времиња.
„Најверојатно јас сум најдобриот играч на Шведска во историјата. Тоа што го направив јас, никој друг не успеа. Играчот кој освоил најмногу награди за најдобар играч во земјата има само две. Колку имам јас? Дури 11. Арогантен ли сум? Тоа не е важно, јас сум најдобар“.
Во текот на богатата кариера Ибра настапуваше за Манчестер јунајтед, ПСЖ, Интер, Милан, Барселона, Јувентус, Ајакс и Малме, а за Шведска постигна 62 гола на 116 натпревари.