Ибра ги изненади сите: Ја откри неговата следна дестинација


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Златан Ибрахимовиќ нема намера уште долго време да се задржи на „Олд Трафорд“ и отворено најави дека наскоро ќе си замине.

    Напаѓачот на Манчестер Јунајтед денеска по 11. пат беше прогласен за најдобар фудбалер на Шведска, а наскоро во Стокхлом ќе добие и споменик.

    „Некои играчи целата кариера ќе ја поминат во ист клуб, јас иско како Наполеон ја поминав цела Европа и освоив секаде каде што играв. Следен чекор би можело да биде преминување на Атлантикот и освојвауње на САД“, изјави Ибра.

    Поранешниот напаѓач на ПСЖ има 35 години, кариерата ја започна во Малме, а пред Јунајтед настапуваше за претходно споменатиот ПСЖ, како и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.

    Тој беше шампион во Холандија, Италија, Шпанија и Франција, a како што сега стојат работите, тешко дека ќе ја покори и Англија, а во колекцијата му фали трофеј од Лигата на Шампионите.

    Ибра во 694 натпревари во кариерата постигна точно 400 гола, а рекордер е во Шведска со 116 настапи и 62 гола за репрезентацијата.