Ибра отворено за Модриќ: Ние имаме иста крв, затоа е вака…


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја одбележа изминатата година.

Откако ја освои Лигата на шампионите, стигна и до финалето на Мундијалот со Хрватска, па според многумина потполно ги заслужи сите најголеми индивидуални признанија кога беше прогласен за најдобар фудбалер на светот.

Со тоа се согласува и Златан Ибрахимовиќ.

„Среќен сум што Модриќ ја освои титулата најдобар на светот, на Мундијалот и сите тие работи. Ретко кога можете да видите таков играч да ги добие заслугите кои му припаѓаат“.

Секако, Швеѓанецот не можеше, а да не потсети дека имаат иста крв со Модриќ.

„Мојата мајка е од Хрватска, Модриќ е Хрват, такашто сум среќен поради него бидејќи очигледно тоа ни е во крвта“, истакна Ибра.