Ивановски во Хајдук добива нов тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зоран Вулиќ од денеска повеќе не е тренер на Хајдук, а тоа беше објавено на официјалните страни на клубот, каде што настапува македонскиот интернационалец Мирко Ивановски.

Овој 57-годишен тренер доби отказ по помалку од три месеци, откако на тренерското место го наследи Жељко Копиќ, кој тогаш се повлече поради катастрофалното отворање на сезоната.

„Хајдук му се заблагодарува на Вулиќ и му посакува многу среќа во иднина“, порачаа од Хајдук.

Инаку, на Вулиќ ова му беше петти мандат на клупата на Хајдук во кој на 11 натпревари постигна пет победи, четири реми и два порази, а ќе го наследи Синиша Орешчанин, кој досега го водеше Хајдук 2.

Хајдук по 15 кола се наоѓа на шестата позиција со 19 бодови помалку од лидерот Динамо Загреб, а 10 помалку од четвртопласираната Риека.