До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот од средниот ред на Вотфорд, Абдулаје Дукуре истакна дека неколку премиерлигашки тимови се во битка за неговиот потпис.
Зборувајќи како гостин на францускиот канал „Телфут“, Дукуре беше запрашан дали навистина постои интерес за него од Арсенал, Ливерпул и Тотенхем како што се пишувало во медиумите во Франција на што тој одговори:
„Точно е дека овие клубови се заинтересирани за мене. Но јас сум во Вотфорд и мојот фокус е да ја финиширам сезоната најдобро што можам и да помогнам да се зачува нивниот премиерлигашки статус. Потоа, кога со клубот ќе донесеме одлука за следните чекори, тогаш ќе се договориме, но засега сум фокусиран на Вотфорд.“
Дукуре е еден од најдобрите играчи на „стршлените“ оваа сезона и не чуди што го привлекува вниманието на големите екипи од Англија.















