Играч на Манчестер Јунајтед пред трансфер во Јувентус


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Газета Дело Спорт“ пренесува дека во следниот период се очекува Матео Дармиан да го комплетира трансферот во редовите на Јувентус.

Играчот кој еднакво добро може да покрие на левата и десната бековска позиција би пристигнал во Торино како позајмен фудбалер, а Јувентус за ваквата опција би инкасирал околу 3.4 милиони евра.

Повремениот италијански репрезентативец речиси воопшто не добива шанса и од Оле Гунар Солскјер, па јасно е дека би прифатил секаква опција за враќање во Италија.