Играч на Милан наскоро се сели во Премиерлигата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фулам во Премиерлигата се наоѓа на 17. место и резултатите кои ги имаат сезонава не се идеални.

Очигледно екипата ќе се бори за опстанок, па поради тоа ќе мора да ангажира неколку засилувања.

Најголем проблем на Фулам во моментов е одбраната, па тие ќе се обидат во следниот преоден рок да купат дефанзивец.

На нивната листа со желби, наводно, се наоѓа Матео Мусакио, кој е стандарден во дресот на Милан.

Наводно, Фулам го сакал Мусакио уште летоска, но тогаш клубот и играчот ја одбиле нивната понуда.

Да потсетиме, Мусакио настапува за Милан од 2017. година кога стигна од Вилјареал.