Игуаин за шест часа во Челси има повеќе финалиња од Тотенхем за 10 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем во изминатите неколку сезони е еден од најдобрите клубови во Англија, но Спарси никако да најдат решение и конечно да освојат некој трофеј.

Сезоната за Тотенхем е скоро изгубена откако излегоа од полуфиналето во англискиот Лига куп, а исто така испаднаа и од ФА купот. Спарски не брилијират ниту во Премиер лигата, каде им е потребно големо чудо за да станат на крај од сезоната прваци на Англија.

Тотенхем секоја сезона игра доста добро, но секогаш се се сведува на тоа дека не можат да освојат трофеи. Како што напоменавме изгубија од Челси после пенали, во полуфиналето од Лига купот.

На тој натпревар Челси го претстави Игуаин како ново засилување и Аргентинецот веќе ќе биде во конкуренција за финалето против Манчестер Сити. Така Игуаин после само чест часа во новиот клуб дојде до финале, а некои фудбалери и навивачи на Тотенхем веќе на ова чекаат 10 години.