Игуаин може да си ги спакува куферите, Јувентус најде нов напаѓач!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека Јувентус успеал во својата намера и наскоро се очекува да се договорат деталите со Манчестер јунајтед за Ентони Марсијал.

Французинот може да игра како шпиц, каде што ќе биде алтернатива на Манџукиќ, но и по крилните позиции.

Јунајтед не сака да го продаде на тим во Премиерлигата, а играчот сака да замине. Барањето на „црвените ѓаволи“ беше 80 милиони евра, но тие најверојатно ќе се согласат да ја спуштат цената до 60 милиони.

Француските медиуми пишуваат дека Јувентус сака да го подмлади тимот и дека Марсијал е вистинско решение.