Игуаин не дебитираше за Челси, а веќе ги воодушеви навивачите (ФОТО+ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин го засили Челси пред неколку дена во кој стигна на позајмица од Јувентус.

Игуаин првиот дел од сезоната го играше н позајмица во Милан, но кога стигна повик од Челси тоа едноставно не можеше да го одбие. Јувентус и Милан се договорија да ја раскинат позајмицата, а Игуаин потоа продолжи во Лондон.

Аргентинецот е претставен на навивачите на „Стемфорд Бриџ“ на реваншот од полуфиналето во англискиот Карабао куп против Тотнем, кој го доби Челси по пенал-рулетот.

Многумина се воодушевени со тоа што Игуаин се навикна на новиот тим, посебно со неговата прослава на победата, иако уште нема дебитирано за тимот.