Игуаин откри: Сакав да се пензионирам, но мајка ми ме спречи во таа намера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во зимскиот преоден рок го напушти Милан и како позајмен фудбалер се пресели во Челси. Меѓутоа, тој планирал пред три години да се пензионира поради мајка му.

Мајката на Игуаин, Ненси имала тешка болест, но за таа тема никој не знаеше ништо пред да заврши финалето во кое Аргентина загуби од Чиле на пенали.

По овие вести Игуаин решил да се повлече, но од таа намера се откажал, откако разговарал со мајка му.

„Веднаш донесов одлука да престанам со кариерата за да се грижам за мајка ми. Бев во шок кога дознав дека е болна. Цел свет ми се урна. Ништо не ме интересираше, освен тоа да и помогнам. Меѓутоа, таа ми рече дека нема да дозволи да го напуштам тоа што го сакам“, вели Игуаин.