Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пред неколку дена пишуваа дека Гонзало Игуаин ќе го напушти Милан и ќе се пресели во Јувентус.
Аргентинецот на „Сан Сиро“ дојде во летниот преоден рок и досега постигна пет гола за „росонерите“, а иако во клубот се задоволни со него, сепак се појавија информации дека Игуаин сака зимава да замине.
Не требаше долго за да се јави и агентот на Игуаин, односно неговиот брат, кој ги отфрли шпекулациите.
„Би им порачал на навивачите да не шират лаги, ниту за тоа сме разговарале, а ниту планираме такво нешто. Тоа се обични лаги“, порача Николас.
Враќање на Игуаин во Јувентус следува, но дури наредното лето кога му завршува позајмицата со Милан.