Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Од Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избраа најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.
Во него се најде и голманот на Вардар, Арпад Штербик кој блескаше помеѓу стативите за „црвено црниот“ тим од Скопје.
Покрај Штербик во најдобриот тим на сезоната се УВе ГЕнсхајмер, Сандер Сагосен и Никола Карабатиќ од ПСЖ, Бјарте Мирло од Скјерн, Дика Мем од Барселона и Давид Балагуе од Нант.
Нашиот Вардар утре во полуфиналето од 18:00 часот се среќава со тимот на Монпелје во обидот да го одбрани шампионскиот трон.