Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес во просториите на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за четвртфиналните натпревари во рамките од Купот на Македонија.
Шкендија за противник може да го добие тимот на Вардар доколку „црвено црните“ го елиминираат Шкупи во заостанатиот двобој од осминафиналето. Поради обврските на Вардар во Лигата на Европа пресметката со Шкупи беше одложена.
Интересно треба да биде и на пелагониското дерби каде ќе се сретнат Пелистер и Победа, Ренова за противник го доби тимот на Скопје, додека пак Академија Пандев ќе игра против Тетекс.
Натпреварите се играат на 8 и 29 ноември, со исклучок на натпреварот од 1/8 финалето меѓу Вардар и Шкупи. Двата скопски клуба натпреварите ќе ги играат во истите термини, а победникот од овој дуел ќе се соочи со Шкендија на 17. декември.