Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Маркетинг експертот за мото спорт, Зек Браун е новиот директор на Мекларен групата. Тој во јануари ќе го замени Рон Денис.
Денис по 35 години е приморан да го напушти Мекларен, чиј сопственик е под голем притисок на другите акционери. Тој до јануари официјално ќе ја извршува функцијата на директор кога ќе го замени Браун.
Браун е американски бизнисмен кој скоро 15 години беше професионален возач, а во 1990-та година беше шампион на американскиот картинг шампионат.
Потоа возеше Формула Форд, англиската Опел Лотус серија, Тојота Атлантик, Формула 3, германска формула 3, ФИА ГТ шампионат и многу други.
Мекларен е втор тим со најмногу трофеи во Ф1, зад Ферари, но веќе со години се соочуваат со проблеми.