Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал не успеа да се пласира во финалето од егзибиоциониот Мубадал Опен во Абу Даби.
Тој денес во полуфиналето ги одмери силите со искусниот Јужноафриканец, Кевин Андерсон и после речиси два часа битка, Андерсон славеше со 2:1.
Надал во првиот сет ги оправда очекувањата, двапати успеа да направи брејк против јужноафриканскиот „бомбардер“ и се очекуваше во тој стил да продолжи.
Меѓутоа, Андерсон заигра подобро и се случи идентично сценарио, по еден брејк за Јужноафрикнаецот, што му беше доволно за потполен пресврт, триумф и пласман во финалето.
А во финалето утре ќе се состане со подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Карен Хачанов.