Изненадувачки расплет: Кам бек на Видал во стариот дом, не сака повеќе на „Камп Ноу“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер, Артуро Видал би можел во јануари да ја напушти Барселона.

Како што наведува, Кориере дело Спорт, Видал во своите редвои со задоволство би сакал да го види Јувентус, така што „Старата дама“ ќе се овиде да го донесе веќе во јануари.

Ако дојде до договор, Видал би се вратил во редовите на „Бјанконерите“ за кои настапуваше од 2011. до 2015. година.

Чилеанецот не е премногу задоволен во Барселона. Не добива премногу простор за игра кај Ернесто Валверде и како што се наведува размислува за заминување, иако во клубот е само неколку месеци.

Понудата од торинскиот гигант доаѓа во вистински момент. Видал за неа сигурно ќе размисли, но и Барселона во чиј дрес е овој искусен играч за врска одигра 15 натпревари и постигна 2 погодоци.

Видал покрај Барселона и Јувентус играше уште за минхенски Баерн, Баерн Леверкузен и екипата Коло Коло.