Изјавата на Ловрен предизвика бура реакции, но тој повторно е решителен: Не лажам, не кажав ништо погрешно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Исполнет со самодоверба, хрватскиот фудбалер во еден момент истакна дека тој веројатно е еден од најдобрите дефанзивци на светот, што секако веднаш подигна прашина и предизвика голема дебата на социјалните мрежи.

Ловрен, од друга страна, во тоа не гледа ништо чудно бидејќи за тоа што тој го кажал, вели има силни аргументи…

„Кажав дека сум еден од најдобрите дефанзивци на светот и мислам дека не кажав ништо погрешно“, истакна Ловрен и притоа потсети дека со Хрватска го освои второто место на Мундијалот, како и тоа дека со Ливерпул играше во финалето во Лигата на шампионите.

Ловрен исто така истакна дека понекогаш и не заслужува критики, а на прашањето кој дефанзивец покрај себеси би го означил за најдобар тој одговори:

„Ван Дијк секако. Двајцата имаме фантастична сезона зад себе. Втор би бил Рафаел Варан, ми се допаѓа неговиот фудбал и заслужи многу повеќе почит отколку што добива, за разлика од Серхио Рамос да кажеме. Многу подобри играчи има од него. Добар е и Тијаго Силва“, додаде Ловрен.

Оваа сезона Ловрен поради повреда одигра само три натпревари во рамки на Премиер лигата.