Икарди задозна на прозивката, па челниците на Интер му одредија жестока казна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вториот дел од оваа сезона во Серија А не можеше да започне полошо за аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди.

Најголемата ѕвезда во Интер, Икарди задоцнил на прозвањето на играчите, а управата на Нероазурите одлучила да го казни со неверојатни 100.000 евра.

Инаку, ова не е прв пат Интер да се соочува со слични проблеми за време на актуелната сезона бидејќи во декември месец исто така доцнеше Наинголан и беше казнет. Тогаш Белгиецот задоцни на тренинг, а Интер исто така го казни со 100.000 евра.

Иако ниту еден клуб не сака доцнење или било кој друг облик на недисциплина, добиваме впечаток дека во Интер казните за тоа се навистина превисоки.

Инаку Икарди веќе одамна се поврзува со кралскиот клуб, но сеуште нема конкретна понуда за него. Интер сигурно не сака да остане без својот најдобар играч па клубот спреми нов договор за него како би ја зголемиле откупната клаузула.

Иако на почетокот се чинеше дека нема да има проблеми со преговорите сепак не е баш така. Италјанските медиуми пренесуваат дека сопругата на Икарди, Ванда му порачала на челниците дека аргентинскиот напаѓач нема намера да ја продолжи соработката.

Интер понуди нов договор до летото 2021 година, но изгледа дека Икарди не е баш заинтересиран за останување на Меаца.

Јавноста во Италија објавила дека Икарди е спремен за напредок во кариерата, а освен Реал Мадрид интерес за него покажаа Челзи и Јувентус.