Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Јувентус, Сами Кедира изјави дека неговиот тим може да биде задоволен со победата против Порто во првиот натпревар од 1/8-финале во ЛШ.
Јувентус победи со 2:0 на гостувањето во Португалија. Постигнати беа 2 голови за 3 минути и работата им беше олеснета од 27-та минута кога останаа домаќините со 10 играчи.
„Верувам дека можеме да бидеме среќни оваа вечера. Ова е добар резултат. По црвениот картон, едноставно моравме да победиме. Одигравме 90 минути контролирано и трпеливо. Задоволни сме со овој резултат, но за три недели мора да бидеме внимателни затоа што тие се лути.“
„Фудбалот е луд и може се да се случи. Некогаш имате чувство, а јас оваа сезона имам навистина добро чувство.“
Реваншот се игра на 14-ти мрат во Торино.