„Имам пари, но и талент“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Младиот Ленс Строл од наредната сезона ќе вози во Ф1 во болидот на Вилијамс, а прва реакција во јавноста беше „Татко му е милијардер“.

    Меѓутоа, 18-годишниот Строл смета дека со резултатите заслужил место во елитата.

    Строл оваа сезона ја освои европската Формула 3, а до суперлиценца во Ф1 стигна и со титулата во Ф4.

    „Дојдов во Ф1 благодарение на пари, тоа не можам да го демантирам. Но мислам дека го заслужив моето место таму бидеќи победив во секое натпреварување во кое што возев. Повеќе не може да се купи место во Ф1 само со пари откако беше воведена суперлиценцата.“

    Тој во текот на оваа година активно учествуваше во тестирањето на болидот на Вилијамс, па би требало да биде подготвен за свое деби во Ф1 во март.

    Строл ќе биде најмлад дебитант на отворање на Ф1 сезоната додека најмладиот учесник во една трка, а воедно и победник е Макс Ферстапен.