Има и такви, одби да стане најплатен дефанзивец на светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во ниту еден момент не размислуваше…

Кинезите трошеа безмилосно, но воглавно купуваа напаѓачи и играчи за врска. Пепе на лето ќе оди во Хебеи, ќе заработува околу 15 милиони евра.

Тој ќе биде и најдобро платен дефанзивец на светот, ако не се лажеме, но во ова лето фудбалерот на Тотенхем одгби уште подобра понуда.

Англиските медиуми откриле дека Дени Роуз има понуда од Шангај од 17 милиони евра по сезона.

Меѓутоа, овој англиски репрезентавец одма одговори дека тоа воопшто не го интересира и дека не му паѓа на памет да замине од Премиер лигата.

Роуз иам 25 години, не заработува многу за англиски стандарди, околу 40 000 фунти неделно, односно помалку од 2.5 милиони по сезона.

Има договор до 2019 година и го сакаат и Јунајтед и Челси, но тешко дека Тотенхем ќе го пушти, но може да му ја зголемат платата ако го продолжи договорот.

Ова е осум пати поголема плата која ја спреми Шангај, односно 15 милиони повеќе отколку што има сега, но како што рековме, Роуз не беше заинтереасиран.