Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Чиро Имобиле вели дека тој не успеал во Борусија Дортмунд поради проблемите во тимот, а не бидејќи не се чувствувал добро во градот.
Италијанецот во 2014. пристигна во Дортмунд како еден од најдобрите стрелци во Серија А, а под водство на Јирген Клоп беше резерва и постигна десет гола.
„Мислам дека мојата сезона не беше лоша. Имаше проблеми во соблекувалната, тоа не беше Дортмунд кој го познавав. Жал ми е што сето тоа така заврши бидејќи знаев дека можев подобро. Лага е дека не ми се допаѓал животот таму“, изјави Имобиле.
Имобиле во меѓувреме беше на позајмица во Севиља и Торино, а оваа сезона блеска во дресот на Лацио, за кој постигна девет гола во 11 натпревари. Во текот на кариерата настапуваше уште за Јувентус и Џенова.