Индијана го декласираше Клиперс: Харден повторно одличен


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кошаркарите на Милвоки победија на гостувањето кај Орландо со 104:95. Со тоа тие стигнаа до 7-та победа во сезоната. Иако Орландо успеваше да се врати во натпреварот, на крајот немаа сила за пресврт, па Милвоки стигна до нова победа.

    До победа ги водеше Хенсон со 20  поени додека кај Орландо, Фурниер постигна 27.

    Изненадување на вечерта направија Индијана кои го победија Клиперс со 91:70. Гостите од Лос Анџелес на теренот изгледаа многу несериозно, но тие стигнаа лесно до победата. Добар натпревар имаа Робинсон со 17 поени и Џеферсон со 16.

    Одлични бројки имаше и НБА ѕвездата, Џејмс Харден кој со 38 поени и 10 асистенции го водеше Хјустон до победа против Портланд додека ДеМаркус постигна 37 поени со 11 скокови во победата на Сакраменто во Бруклин.

    Дури 36 поени и 13 скокови Ентони Дејвис постигна, но тоа не беше доволно за Њу Орлеанс кој беше поразен кај Далас со 91:81.

    Лос Анџелес Лејкерс изгледаат се подобро и вчера успеаа да ја победата Атланта.

    Останати резултати:

    Бруклин – Сакраменто 105:122
    Индијана – Клиперс 91: 70
    Орландо – Милвоки 96:114
    Далас – Њу Орлеанс 91:81
    Портланд – Хјустон 114:130
    Лејкерс – Атланта 109:94