Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес се одигра финалето помеѓу Станислав Вавринка и Рожер Федерер.
Натпреварот беше израмнет од самиот почеток на првиот сет. Секој го освојуваше гејмот без никакви проблеми на свој сервис.
Првиот пад во играта го имаше Вавринка кој му дозволи брејк шанса на Федерер, кој ја искористи и така го освои првиот сет со 6:4.
Вториот сет Федерер го започна лошо. Вавринка имаше 3 брејк топки на почетокот и ја искористи 3-та за водство од 1:0. Федерер имаше можност да врати веднаш во наредниот гејм, но тоа не му успеа.
Федерер го возврати ударот во 4-от гејм кога го освои противничкиот сервис и израмни на 2:2. Во продолжение беше видена израмнета игра, а првата брејк топка ја имаше Федерер во 12-от гејм, која ја искористи и го освои вториот сет со 7:5.
Федерер ќе добие 1000 АТП поени, а воедно стана најстариот освојувач на турнир од Мастерс 1000.