Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фабио Фоњини направи изненадување на Мастерсот во Индијан Велс, затоа што го победи Цонга, 8-от тенисер во светот.
Гладијаторската борба траеше 2 и пол часови, а повеќе сила и концентрација покажа Италијанецот, кој на крајот победи со 2:1 во сетови, односно 7:6, 3:6 и 6:4.
Доминик Тим рутински успеа да го победи Џереми со 6:2 и 6:4 додека Нишиока беше подобар од Карловиќ со 6:4 и 6:3.
Да потсетиме, Нишикова како „среќен губитник“ се најде во главниот ждреб, а со 2 победи по ред стигна до 3-то коло на Мастерсот.
Гофин го победи Качанов со 6:4, 3:6 и 6:3 додека Бердих го победи Франтегел со 7:6 и 6:4.
Гаел Монфилс го изгуби првиот сет против Кинг со 6:3, но потоа ги доби наредните 2 со 6:0 и 6:1, па така се пласираше понатаму.
Третиот играч во светот, Вавринка беше сигурен против Лоренци со 6:3 и 6:4.