Индијан Велс – Ѓоковиќ немаше решение за брилијантниот Кирјос!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Одличен натпревар беше виден помеѓу Кирјос и Ѓоковиќ.

Натпреварот започна со брејк на Кирјос на првиот сет на Ѓоковиќ и со тоа ја искористи првата брејк топка во натпреварот. Во продолжението беа сигурни на свој сервис и двата тенисери, а Кирјос не успеа да искористи брејк топки во 3-от и 7-от гејм од натпреварот.

Првиот сет го доби Кирјос со 6:4.

Во вториот сет беше видена уште поголема борба, поточно тенисерите беа сигурни на свој сервис и немаше брејк топки до 11 гејм. Во 11-от гејм Кирјос имаше 2 брејк топки, но не успеа да ги искористи, па Ѓоковиќ стигна до предност од 6:5. А Кирјос во наредниот гејм врати и израмни на 6:6.

Тај-брејкот започна со мини брејк на Кирјос и голема нервоза на Ѓоковиќ, а Кирјос со сигурна игра стигна до 3:0 на почетокот. Ѓоковиќ намали на 3:2 со своите сервиси, но Кирјос повторно зголеми на 5:2 со уште посигурен сервис.

Катастрофална игра на Ѓоковиќ во финишот со тоа што Кирјос дојде до победа со 7:3 во тај-брејкот.

Новак Ѓоковиќ затоа што испадна пред време и не ја одбрани титулата, ќе ги загуби поените од турнирот во Индијан Велс и на следното рангирање ќе биде уште подалеку од Енди Мареј.