Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од Барселона објавија дека Андрес Иниеста ќе одржи прес конференција денес со почеток во 13:30 часот.
Се очекува легендарниот играч од средниот ред да соопшти дека по крајот на оваа сезона ќе си замине од клубот, и дека Кина ќе биде веројатно негова следна дестинација.
Иниеста е во Барселона во текот на целата своја кариера и низ годините освојувал многу трофеи како осум титули во Ла Лига, четири трофеи во Лигата на шампионите, а еднаш беше избран и за најдобар играч во Европа.