Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, ќе остане на таа позиција само до крајот на сезоната. Валверде пред неколку дена изјави дека не е сигурен дали ќе биде на „Камп Ноу“ стадионот и следната сезона, по што во каталонскиот клуб веќе почнаа да размислуваат за неговиот наследник.
Прв на листата на наследници на Валверде е 60-годишниот тренер Кике Сетијен, кој бележи фантастични резултати со Бетис, а покрај него се споменуваат и некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер и сегашниот предводник на Монако, Тиери Анри, своевремено напаѓач на Барселона, јавува шпанскиот весник Марка.
Исто така, во опција се и уште четворица некогашни првотимци на Барселона, Џорди Кројф, Чарви Ернандез, Франк де Бур и Роналд Куман, сите кои знаат што значи Барселона.
Валверде за година и половина на клупата на Барселона често беше мета на критики, иако ја освои „двојната круна“ во Шпанија, но и претрпе болна елиминација од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампионите изминатата сезона.